24фудбал

Инцидент на трибините на „Стад д Франс“, фрустрираниот Нејмар удри фан! (ВИДЕО)

Нејмар тешко се помири со поразот во финалето од Купот на Франција, напаѓачот се спречка со еден фан на трибините и дури замавна и го удри.

Франција

ПСЖ остана само со една титула оваа сезона откако синоќа на „Стад д Франс“ ја загуби пресметката со Рен. „Светците“ имаа 0-2 по дваесетина минути но на крајот загубија на пенали.

Па фрустрациите кај првата ѕвезда на тимот, Нејмар беа големи. Кога експедицијата на ПСЖ се упати на трибините за да ги подигне медалите, направи голем инцидент.

Најпрво му го фати мобилниот на еден фан, потоа си разменија неколку зборови, за Бразилецот на крајот да замавне и да го удри навивачот.

Па на социјалните мрежи веднаш се појавија еден куп видеа од инцидентот, па дури постираше и фанот кој се спречка со Нејмар.