24фудбал

Венгер се враќа на тренерската работа, два клуба се опција

По една година пауза Арсен Венгер ќе се врати на работа, францускиот стратег од следната сезона повторно ќе биде тренер.

Франција

Лион и ПСЖ се во трка по потписот на Арсен Венгер, пишува „Дејли Мејл“.

Актуелниот тренер на Лион, Бруно Генесио веќе објави дека по крајот на сезоната ќе замине од клубот, па местото ќе остане испразнето.

Лион се поврзуваше со Жозе Мурињо, но сега се пишува дека го сакаат и Арсен Венгер.

Но во трката по поранешниот тренер на Арсенал се вклучува и ПСЖ. Иако прво се велеше дека позицијата на Тухел е безбедна, работите се променија по синоќешниот пораз во финалето од францускиот куп.

Целта на ПСЖ е да доминира во Франција и да се бори за трофејот од Лигата на шампионите. Но сезонава покрај елиминацијата во осминафиналето, голем удар на реномето е поразот од Рен во финалето од Купот на Франција.

Многу е извесно дека Тухел ќе добие отказ по крајот на сезоната, а на негово место можеби ќе дојде Арсен Венгер.