24фудбал

Фановите на Ливерпул го срамат клубот во Барселона, фрлаа локални жители во фонтана! (ВИДЕО)

Дел од навивачите на Ливерпул ја покажаа својата примитивна страна во Барселона откако беснееа до степен да почнат да фрлаат локални жители во фонтана.

Англија

На интернет се појавија снимки кои ја згрозија јавноста, навивачи на Ливерпул се изживуваа со локални жители или туристи во Барселона. Им се смееа и ги фрлаа во фонтана.

Сцени кои се срам и за Ливерпул и за Англија.

Дополнително двајца навивачи на Ливерпул биле уапсени откако навредувале работници во хотел. 

Примитивизмот на англиските навивачи не е новина, клубовите се трудат да го искоренат, но некои од фановите очигледно немаат капацитет за цивилизирано однесување.