24фудбал

Дали забележавте што направи Ван Дајк пред голот на Ориги за победа против Њукасл? (ВИДЕО)

Холанѓанецот сугерираше Шаќири да го изведе прекинот, наспроти Александер-Арнолд кој имаше блескава партија синоќа, одлуката на Ван Дајк се покажа како доста добра и веројатно донесе победа од таа пресметка со Њукасл.

Англија

Синоќа можевме да проследиме драматичен меч помеѓу Њукасл и Ливерпул, за домаќинот меч без никакво резултатско значење, за гостинот меч кој мораше да се добие за да се продолжи битката за титулата во Премиерлигата со Манчестер Сити.

Моментот кога Ван Дајк ја презеде контролата за судбината на Ливерпул околу титулата, дефанзивецот го демонстрираше своето лидерство во тимот барајќи Шаќири да го изведе слободниот удар, што донесе победа против Њукасл“ пренесе Дејли Мејл во својот опис на ситуацијата во 86. минута.

Трент Александер-Арнолд реализираше две асистенции во победата на Ливерпул од 2-3, а во победоносниот гол на Ориги, иако е прв изведувач на прекините, Ван Дајк побара Шаќири да го изведе тој слободен удар, токму Швајцарецот нафрли, Ориги погоди со глава и донесе победа која повторно го врати Ливерпул на врвот од табелата.