Категорија: Лига на Шампиони 07.05.2019 23:26
Александер Арнолд брзо изведе еден корнер, ја фати одбраната на Барселона на спиење, Каталонците не очекуваа такво нешто, Ориги ја пратеше ситуацијата и даде гол кој значеше победа од 4-0 за Ливерпул и пласман во финалето од Лигата на шампионите.
„Беше инстиктивно. Беше еден од оние моменти кога гледате шанса. Дивок пратеше и даде гол. Можеби идеше пребрзо кон него, но тој е топ фудбалер. Тој даде два гола за нас вечерва и сите ќе го паметат овој момент“, вели Александер Арнолд.