24фудбал

Марка: Што правеа фудбалерите на Барселона во четвртиот гол на Ливерпул? (ФОТО)

Каталонците доживеаа шок синоќа на Енфилд, воедно еден налик на репризно издание по тоа што им се случи ланската сезона на реваншот кај Рома, а Марка објасни за четвртио и решавачки гол на Премиерлигашот, каде домаќинот вешто ја искористи „заспаноста“ кај гостите.

Лига на Шампиони

Шпанските медиуми не се штедеа на критиките кон Барселона по новата шокантна елиминација во Лигата на шампионите, ако лани речиси ист беше случајот со Рома во четвртфиналето, веројатно синоќа проследивме реприза за Каталонците, овој пат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Иако на Камп Ноу славеа со 3-0 и веќе со една нога беа во големото финале, избраниците на Валверде синоќа на Енфилд беа поразени со 4-0, иднината на шефот на стручниот штаб на Каталонците е неизвесна на таа позиција, а особено црна дамка во големата неорганизираност кај неговите фудбалери е четвртиот гол, дело на Ориги во 79. минута.

Веќе е позната ситуација за брзо изведениот корнер од страна на Александер-Арнолд, чија заслуга оди на 14 годишно момче од подмладокот на Ливерпул, кој за многу навивачи на Премиерлигашот е херој, а на Островот во анализите на тамошните медиуми на големо се потенцира дека Јирген Клоп во подготвувањето на тактиката акцент ставил на брзото изведување на прекините, веројатно најболната точка на Барселона.

Голот на Ориги, односно брзата реакција на Александер-Арнолд ги фати „на спиење“ Каталонците, а Марка направи поширока анализа во однос на тоа што правеа гостинските фудбалери во таа ситуација.

Видал беше „фластерот“ за Ориги седо моментот кога Чилеанецот беше повлечен од игра, постоеше вакум кој Белгиецот подоцна максимално го искористи и погоди во клучен момент за виза во финалето.


Алба го мониторираше корнерот внимавајќи на Шаќири, а Пике како и секогаш беше во најопасната зона близу Тер Штеген, поточно, искусниот дефанзивец на крајот се најде онаму каде што топката заврши на крајот од тој прекин.


Ленгле беше во казнениот простор исто така, внимавајќи на Ван Дајк, главната и ударна игла на Ливерпул од прекините, меѓутоа Холанѓанецот беше добро затворен да направи опасност кон голот на гостите.

Бускетс беше исто во таа зона, чекајќи на Матип, ова беше пракса кај гостите пред завршниот удар на домаќините, што се потврдува од анализата на целиот натпревар.


Ракитиќ внимаваше на Фабињо, а токму Серхи Роберто е фудбалерот кој беше забележан од повторените снимки како најневнимателен во таа ситуација, свртен со грб како и дел од останатите негови соиграчи кон Александер-Арнолд, Марка пишува дека токму тој е еден од можните кандидати кој требало да внимава на Ориги.


Голот практично оди и на душа на Артур, очигледно е дека Бразилецот по само четири минути откако влезе во игра не беше внимателен во таа ситуација, а општо ниту подготвен за едно такво сценарио, токму Артур, кој инаку го замени Видал не чуваше ниту еден фудбалер на Ливерпул кога топката беше упатена до Ориги.

Суарез е задолжен да биде близу Тер Штеген како поддршка до стативата, како и многу навивачи во модерниот фудбал во едни такви ситуации, тој беше единствениот фудбалер на Каталонците во движење во оваа ситуација, а Меси нема никакви дефанзивни задачи во прекините кај Барса, од него обично се бара да ја следи секоја ситуација и да чека на можен контра напад, од оваа инстанца, тој дури не ни ја гледаше топката.