24фудбал

Руски репрезентативци завршија зад решетки поради хулиганизам

Руските фудбалски репрезентативци, Александр Кокорин и Павел Мамаев ќе одлежат затворски казни поради инцидентот кој се случи минатата година во октомври.

Останато

Играчот на Зенит Александар Кокорин и Павел Мамаев од Краснодар, минатиот октомври со стол нападнаа службеник на министерството за трговија и претепаа возач во Москва.

Кокорин ќе одлежи 18 месеци во затвор додека Мамаев 17. Тие се во притвор од октомври веднаш по инцидентот.

27-годишниот Кокорин има 48 настапи за Русија но не играше на последното Светско првенство поради повреда, додека 30-годишниот Мамаев има 15 настапи за Зборнаја.