24фудбал

Емоции до небо, Покетино плачеше и кога даваше изјава! (ВИДЕО)

Тотнем ќе игра финале од Лигата на шампионите откако приреди чудесен пресврт во Амстердам и со гол во 95-та минута стигна до триумф од 2-3, емоциите беа огромни па Маурисио Покетино плачеше и кога даваше изјава.

Лига на Шампиони

На 1. јуни во Мадрид ќе гледаме англиско финале, Тотнем по стапките на Ливерпул приреди чудо и направи голем кам-бек.

„Спарси“ имаа негатива од 1-0 од првиот натпревар, а за проблемите да бидат поголеми, Ајакс на полувремето вечерва водеше со 2-0.

Но гостите не се предадоа, набрзина изедначија на 2-2 во продолжението од мечот за во 95-та минута да направат пресврт и да обезбедат финале во Лигата на шампионите.

Мечот беше луд па имаше многу емоции во двата табори. Играчите на Ајакс плачеа откако сурово им заврши авантурата во Европа која почна уште во квалификациите а гостите плачеа од радост за големиот успех.

Се чини најпогоден беше тренерот Маурисио Покетино кој плачеше и кога даваше изјава.