24фудбал

Покетино: Ова не се опишува со зборови, ти благодарам фудбалу!

Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино е полн со емоции по неверојатната победа во полуфиналето над Ајакс.

Лига на Шампиони

Тотнем беше на работ на елиминација, но со чудесен пресврт во второто полувреме благодарение на хет-трик на Лукас Мура го елиминираа Ајакс и се пласираа во финалето од Лигата на шампионите. 

„Уште ми е тешко да зборувам, емоциите се неверојатни, му благодарам на фудбалот, моите играчи се херои, и во последната година на сите им велев дека оваа група на играчи се херои. Второто полувреме беше неверојатно. Благодарност за фудбалот, вакви емоции без фудбалот се невозможни. Им благодарам на сите кои веруваа во нас, тешко е ова да се опиште со зборови“, вели Покетино.

„Пред мечот зборувавме како кога работиш и чувствуваш љубов за нешто нема стрес, туку пасија за тимот. Покажавме дека го сакаме спортот и фудбалот, ова беше неверојатно, беше задоволство да се биде дел од ваков натпревар“.

„Тешко е да се натпреварувате на ова ниво, многу сум благодарен што сум тренер, да бидете дел од фудбалот и да доживеете ваков настан“.

„Сите се херои, но Лукас Мура беше суперхерој“.

„Имавме магична ноќ, после првиот дел беше тешко да се верува дека второто полувреме ќе биде такво какво што беше. Можам само да им честитам на моите фудбалери, тие се архитекти на оваа победа која мислам дека ја заслуживме“.