24фудбал

Мурињо: Ајакс направи една голема грешка, во второто полувреме играше како за противник да го има Витезе!

Жозе Мурињо вели дека Ајакс направил грешка што слепо се придржувал до својата фудбалска филозофија и во второто полувреме играл како за противник да го има Витезе во првенството на Холандија.

Лига на Шампиони

Убавата бајка на клубот од Амстердам заврши вечерва. Секунди го делеа Ајакс од финале во Лигата на шампионите, но избраниците на Тен Хаг поткленаа во финишот.

По победата од 0-1 на гостувањето во Лондон пред една недела, Ајакс вечерва имаше и водство од 2-0 по првите 45. минути. На крајот ниту тоа не беше доволно откако во еден луд меч, Тотнем со гол во 95. минута се радуваше на триумф од 2-3 и пласман во финалето.

Жозе Мурињо вели дека Ајакс направил грешка што слепо се придржувал на својата фолозофија и во второто полувреме играл како за противник да го има Витезе во првенството на Холандија.

„Фудбалот е битка и во битка ви треба стратегија. И кога играте специјални натпревари, понекогаш не треба слепо да се придржувате до вашата фудбалска филозофија, туку напротив треба да одите против филозофијата“ - вели Португалецот.

„Кога имате предност, прво нешто што правите е да го зачувате балансот. Балансот започнува со одбраната, која мора да биде во линија и потоа одреден број на играчи мора да бидат зад топката“.

„Во второто полувреме, Ајакс играше како за противник да го имаат Витезе во првенството на Холандија, играа како да се работи за меч од групната фаза. Тотнем го промени пристапот, многу добро се снајде играјќи директен фудбал, имаа и среќа, боговите на фудбалот вечерва беа на нивна страна“.