24фудбал

На Местаља беше поопасно за една новинарка отколку за Арсенал (ВИДЕО)

Вечерва на Местаља наместо Арсенал настрада една новинарка на ГОЛ, таа со топка беше удрена во глава на загревањето пред почетокот на натпреварот.

Лига Европа

„Топчиите“ добро пројдоа на гостувањето на Местаља и со нова победа од 2-4 го чекираа билетот за финале од Лига Европа. Но истото не може да се каже и за новинарката на каналот ГОЛ, Моника Бенавент која имаше непријатно искуство.

Пред почетокот на реваншот помеѓу Валенсија и Арсенал, додека таа известуваше во живо од крај аут линијата, една топка заврши право во нејзината глава.

Новинарката успеа брзо да се опорави од шокот, за кратко се вклучи во програма па дури и се нашегува на своја сметка.