24фудбал

„Најголемата грешка во мојот живот“, навивач на Тотнем на полувреме го напуштил мечот со Ајакс!

Фан на Тотнем толку многу се опил што мислел дека полувремето е крај и со напуштил стадионот кога Ајакс водел со 2-0 пропуштајќи го најважниот пресврт на неговиот тим во историјата.

Лига на Шампиони

Џејмс Перкинс е навивачот на Тотнем кој направил грешка за која цел живот ќе жали, на полувреме го напуштил мечот на Амстердам Арената и не го видел пресвртот кој го однесе неговиот тим во финале од Лигата на шампионите.

Тоа се случило бидејќи испил премногу пиво, бил пијан до степен да помисли дека полувремето е крај. 

Си заминал пред последниот свиреж на судијата за полувреме со цел да избегне гужва, а тој избегал од најважниот пресврт на неговиот тим.

„Тоа беше мојата најголема грешка во животот. Бев збунет и го напуштив натпреварот со Ајакс на полувреме мислејќи дека е крај. Заминавме дури и пред крајот на првото полувреме мислејќи дека ја избегнуваме гужвата“, изјави навивачот на Тотнем.