24фудбал

Несторовски и Трајковски џабе цела сезона се борат за влез во Серија А, ќе бидат испратени во трета лига на зелена маса?!

На Палермо му се заканува испаѓање во Серија Ц, ова е казната која ја бара обвинителот при Фудбалската федерација на Италија во процесот кој се води против „сицилијанците“.

Македонија

Овој викенд на програмата во Серија Б е последното коло од регуларниот дел од сезоната, и нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски можат да стигнат до директна промоција во елитата (Палермо е на третото место со бод помалку во однос на Лече).

Сепак, може да се случи целиот труд да биде залуден. Против Палермо се води процес за одредени нерегуларности кои ги направил Маурицио Ѕампарини додека беше претседател на клубот во периодот од 2014 до 2017.

Обвинителот при Фудбалската федерација на Италија сега бара казна со која „сицилијанците“ ќе бидат сместени на последното место на табелата и префрлени во Серија Ц, односно трета лига.

Останува да се види каква ќе биде изречената казна, но сигурно ќе се случува циркуз во втората италијанска лига во следните месеци.