24фудбал

„Си одам од Барса, ќе му се придружам на Роналдо“

Медиумите од Шпанија пласираат прилично изненадувачка вест, голманот на Барселона, Јаспер Силесен наводно кажал дека ќе му се придружи на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Шпанија

Холанѓанецот е втор чувар на мрежата на Камп Ноу, не е задоволен од ваквиот свој статус, па најави дека ќе замине од Барселона.

Според „Диарио Гол“, Јаспер Силесен во потрагата на поголема минутажа би можел да заврши во редовите на Јувентус. Голманот наводно кажал, „Си одам и ќе му придружам на Роналдо“.

Ваквата вест е прилично изненадувачка со оглед на тоа дека изминатиов период немаше шпекулации за тоа дека „старата дама“ е во потрага на нов голман.

Војчех Шчесни сосема солидно се снајде како замена на Џиџи Буфон, а и втората опција Матија Перин е квалитетна алтернатива,