24фудбал

На Ливерпул нема да му се допадна кога ќе слушне што правеле фудбалерите на Брајтон пред дуелот со Сити!

Брајтон може да одигра клучна улога во трката за Премиерлигата, а последните информации сигурно нема да им се допанат на луѓето од Ливерпул, фудбалерите на „галебите“ три дена по ред се забавувале до доцна во ноќта!

Англија

Денеска на програмата во Премиерлигата е последното коло по кое треба да биде познат новиот шампион на Англија (може да се случи и да има мајсторка, но за тоа е потребно чудо).

Ливерпул се надева на прва титула по 29 години, но за ваков успех „црвените“ покрај тоа што треба да го победат Вулверхемптон, треба да чекаат и услуга од Брајтон. Популарните „галеби“ го пречекуваат Манчестер Сити и треба да го сопрат актуелниот шампион, кој има 13 победи во низа во Премиерлигата.

Сепак, на Јирген Клоп, неговите избраници и фановите нема да им се допаднат последните вести. Новинар на ЕСПН открива дека фудбалерите на Брајтон малку повеќе се опуштиле оваа недела, се забавувале и го славеле опстанокот во елитата.

„Имам пријател кој е фан на Брајтон и ме информираше дека неколку играче на Брајтон биле забележани три дена по ред како се забавуваат до доцна во ноќта“ – вели Ејдриан Хили.