24фудбал

Де Лихт потврди: Преговори има, договор нема

Капитенот на Ајакс, Матијс Де Лихт потврди дека е пред заминување од холандскиот клуб, но се уште нема договор со ниту еден клуб.

Останато

Де Лихт кој со само 19 години е капитен на Ајакс, важи за најперспективниот дефанзивец во моментов за кој интерес има од речиси сите најголеми клубови.

Во пол позиција е Барселона која веќе го договори Де Јонг.

„Мојот последен натпревар на „Јохан Кројф“ Арена? Не знам се уште. Има преговори, но се уште нема договор со никој. Весниците пишуваат разни работи. Изборот е ваш на што ќе верувате“, изјави Де Лихт.

„Ел Мундо Депортиво“ пишува дека делегација од Барселона е во Холандија со цел да ги забрза преговорите за Холанѓанецот.