24фудбал

ПСЖ на шопинг во Мадрид со 210 милиони евра, „светците“ меркаат тројца играчи на Реал!

Според пишувањата на „Ла Парисиен“, ПСЖ внимателно следи што се случува на Сантијаго Бернабеу и може да го одврзе ќесето за летоска да ангажира тројца фудбалери на Реал Мадрид.

Шпанија

Изминатиов период често се споменуваше дека Реал Мадрид сака да пазари во Париз, Нејмар и Килијан Мбапе се желбите на „кралевите“, но последните информации говорат за обратна ситуација.

„Ла Парисиен“ сега пишува за шопинг на ПСЖ во Мадрид, „светците“ внимателно следат што се случува на Сантијаго Бернабеу и меркаат тројца фудбалери.

Се работи за Иско, Тони Крос и Герет Бејл. Особено интересен за шампионот на Франција е германскиот репрезентативец. 

За оваа цел „светците“ се подготвени да одвојат 210 милиони евра, односно 60 милиони за Иско, 80 милиони за Тони Крос и 70 милиони евра за Герет Бејл.

Реал Мадрид летоска ќе прави чистка и некои играчи не се дел од плановите на Зинедин Зидан како што е случајот на Герет Бејл, но останува да се види дали ќе се реализираат ваквите најави.