24фудбал

Солскјер очајно го посакува играчот кој беше желба и на Жозе Мурињо, „ѓаволите“ ќе рушат рекорд

Медиумите од Англија пренесуваат дека Оле Гунар Солскјер ја идентификувал целта број 1 за ова лето, тренерот на Манчестер јунајтед очајно го посакува Калиду Кулибали.

Англија

„Ѓаволите“ летоска ќе прават реконструкција на тимот по очајната сезона и се верува дека ќе се обидат да донесат нов централен дефанзивец, нов десен бек, фудбалер од средниот ред и еден офанзивец.

Според пишувањата на Мирор, Оле Гунар Солскјер одлучил топ трансфер цел да биде Калиду Кулибали од Наполи. Норвежанецот очајно посакува централен дефанзивец од светска класа кој ќе биде командант на одбраната.

Сенегалецот беше една од желбите и на Жозе Мурињо, но Манчестер јунајтед одби да го реализира овој трансфер минатото лето.

Но по катастрофалните резултати и многуте дупки во последната линија, најтрофејнито клуб од Англија ќе мора да го одврзе ќесето и сигурно ќе треба да собори рекорд за да го ангажира дефанзивецот на Наполи кој може да чини и до 150 милиони евра.