24фудбал

И Манчестер јунајтед застана во редот за Елмас!

Манчестер јунајтед го посакува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас за кој интерес има и од нивниот градски ривал, Манчестер Сити.

Македонија

Бомба од Англија, Манчестер јунајтед се вклучува во трката за Елиф Елмас пишува „Фудбал Инсајдер“.

Скаути на Јунајтед веќе некое време го следеле македонскиот репрезентативец оваа сезона и се задоволни од тоа што го виделе.

Извори од Манчестер јунајтед за „Фудбал инсајдер“ го потврдиле интересот и наскоро ќе пуштат и официјална понуда до Фенербахче за услугите на Елмас.

Елмас имаше одлична сезона во која се промовираше како еден од најпосакуваните тинејџери, но Фенербахче играше лошо. Турскиот клуб има и долгови па сака да го продаде нашиот фудбалер, но сака да извади колку што е можно повеќе пари од него.

Елмас оваа сезона одигра 39 натпревари за Фенербахче во сите натпреварувања. Ретко кој 19 годинишен фудбалер може да се пофали со толку меча во една сезона за турски гигант.