24фудбал

„Што правеше Алегри? Вистинскиот тренер на Јувентус е Роналдо!“

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, смета дека вистинскиот тренер на Јувентус е Роналдо а не Алегри.

Италија

Де Лаурентис има пофалби за Роналдо, вели дека е вистински лидер, но и дека има поголемо влијание од тренерите во екипите каде што игра.

Се шпекулираше дека и Наполи бил заинтересиран за Роналдо, но претседателот на Наполи вели дека тие не можеле да си го дозволат.

„Кристијано Роналдо е силен бидејќи тој со своето присуство го замени тренерот. Што правеше Алегри оваа сезона“, вели Де Лаурентис.

„Роналдо е вистински мотиватор, тој е човек кој ја има соблекувалната. Кога го гледав во дресот на националниот тим, кога беше на клупата го движеше својот тим, им викаше на соиграчите повеќе отколку тоа што го правеше селекторот“.

„Не можев да си го дозволам него, моите родители ме учеа дека треба да си ги испружам нозете колку што ми е долга чергата“.