24фудбал

Астон Вила има уште една пречка до враќање во Премиерлигата откако на пенали го победи ВБА! (ВИДЕО)

Астон Вила е првиот финалист во финалето од плејофот во Чемпионшип кој се игра на Вембли откако денеска по подобро изведување на пенали го добија дербито на Бирмингем против Вест Бромвич Албион.

Англија

Првиот полуфинален меч меѓу Астон Вила и ВБА се играше на Вила Парк, таму домаќините победија со 2-1.

Во реваншот ВБА со гол на Доусон победи во регуларниот дел со 1-0 и вкупниот резултат беше изедначен на 2-2. Тука не важи правилото гол во гости па се премина кон продолженија.

ВБА од 80. минута играше со играч помалку поради црвениот картон на Брант. Астон Вила цели 40 минути имаше предност од човек повеќе на теренот и се обидуваше да го реши мечот но домаќините издржаа и дојдоа до пенали.

Голманот на Астон Вила, Стир ги одбрани првите два шута на ВБА, тоа на крајот се покажа како пресудно по што легендарниот англиски клуб се радуваше на пласман во финалето на плејофот.

Противник во мечот на Вембли ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Лидс и Дерби. Тимот на Алиоски има предност од 1-0 по првиот натпревар.