24фудбал

Еден клуб убаво ќе се израдува и добро ќе профитира доколку Манчестер Сити биде исфрлен од Лигата на шампионите

На „граѓаните“ им се заканува исфрлување од Лигата на шампионите поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, и доколку ова навистина се случи, Арсенал добро ќе профитира.

Лига на Шампиони

Њујрок Тајмс синоќа објавија дека истражителите кои ги чешлаат документите на Манчестер Сити бараат „граѓаните“ да бидат исфрлени од Лигата на шампионите на една сезона.

Старо-новиот шампион на Англија денеска испрати соопштение и порача дека тие секогаш работеле во согласност со правилата, но од документите до кој се дојде преку „Фудбал ликс“ јасно се гледа како клубот од Етихад вбризгува пари на сосптвеникот преку фиктивни договори за спонзорство.

Се говори дека луѓето од УЕФА не се убедени со објаснувањата кои ги добиле од Манчестер Сити. Па доколку „граѓаните“ навистина бидат исфрлени од ЛШ и тоа за сезоната 2019/20, на ваква одлука убава ќе се израдува и добро ќе профитира Арсенал.

„Топчиите“ завршија на позицијата број пет и тие ќе го завземат местото на Манчстер Сити во најелитното европско натпреварување. Арсенал може до место во ЛШ и без казна за тимот на Пеп Гвардиола доколку на 29. мај го совлада Челси во финалето од Лига Европа.

Сепак, тешко за верување е дека ќе се случи едно вакво сценарио. Манчестер Сити сигурно ќе ја обжали евентуалната казна, а ќе оди и до Судот за спортска арбитража (ТАС) и за тоа ќе бидат потребни месеци.