24фудбал

Палермо ќе се жали: Повеќе од претходно веруваме во нашата невиност!

Палермо подготвува жалба на одлуката да биде префрлен во Серија Ц поради финансиските малверзации кои ги правел поранешниот претседател.

Италија

Палермо ќе одржи прес конференција на која ќе се појават и поголем дел од фудбалерите, меѓу нив сигурно ќе биде и капитенот Илија Несторовски.

Палермо се бореше за влез во Серија А, а со одлука на Фудбалската федерација на Италија ќе биде префрлен во Серија Ц поради финансиски малверзации.

Претседателот Алесандро Албанесе кој на оваа функција е пет дена, рече дека ќе се жалат, веруваат во својата невиност.

„Веќе подготвуваме жалба. Беше потребно најмалку еден ден да се прочита целото обвинение а потоа да подготвиме жалба. Не ја очекувавме казната, но смирени сме. Чувствуваме дека сме во право повеќе од било кога“, изјави Албанесе.