24фудбал

Ристовски поради црвениот картон ќе ги пропушти последните два големи натпревари за Спортинг оваа сезона

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски поради црвениот картон на мечот против Тондела, нема да игра на два меча против Порто.

Македонија

На Спортинг Лисабон му преостануваат уште две пресметки со Порто до крајот на сезоната, најпрво во португалскиот шампион во рамките на последното коло, а потоа во финалето од Купот на Португалија.

Стефан Ристовски направи глупост на мечот со Тондела, сосема непотребно, без топка удри играч на противникот и заработи директен црвен картон со помош на ВАР, а тоа го чини суспензија од два натпревари.

Ристовски веднаш по натпреварот им се извини на соиграчите и на навивачите за црвениот картон кој беше дури трет за него оваа сезона.