24фудбал

Мурињо: За Манчестер јунајтед сакам да кажам само две работи...

Португалецот за „Л'Екип“ говореше за ситуацијата со Манчестер јунајтед , тој посочи дека Погба не е единствениот проблем со кој се соочува Премиерлигашот, истакна дека времето доволно говорело.

Англија

Жозе Мурињо доби отказ од клупата на Манчестер јунајтед, а многумина прстот го вперија во Пол Погба, во кого гледаа еден од главните виновници за таквиот расплет на околностите во тимот од Олд Трафорд, најмногу поради лошите односи на двете страни.

Оле Гунар Солскјер го наследи португалскиот фудбалски стратег, а тој почна одлично, но, на крајот големо разочарување кај фановите на клубот откако истиот не обезбеди место во Лигата на шампионите за идната сезона, завршувајќи на дури шестата позиција сезонава во Премиерлигата.

Говорејќи за „ЛЕкип“, Мурињо не крие дека освоеното второ место со Црвените ѓаволи во Премиерлигата е најголемиот успех во неговата кариера, и покрај многуте титули кои стојат зад неговото име.

Јас веќе кажав пред девет или десет месеци, по освојувањето на осум шампионати, да се заврши на второ место со Манчестер јунајтед ми беше моето најголемо достигнување, сега луѓето го разбираат тоа“ вели Португалецот за „ЛЕкип“.

Не секогаш своите анализи за Манчестер јунајтед ги кажувам јавно, едноставно не сакам да зборувам на таа тема, имам чувство дека немам потреба да зборувам, тоа време дава многу објаснувања“ додава тој.

Мурињо смета дека проблемите во Манчестер јунајтед се уште постојат, но, тие не се само во Пол Погба, тој потенцираше дека истите се од поширок размер, а издвои две работи кои сака да ги каже за тој клуб, потенцирајќи на тоа дека времето покажало дека ништо не е променето.

За Манчестер јунајтед, сакам да кажам само две работи: Едната работа, дека времето доволно говореше, а другата е тоа дека проблемите се уште постојат таму“ вели тој.

Запрашан за тоа дали бил жртва во случајот со Пол Погба, со кого имаа големи недоразбирања, тој додаде: Не, проблемите се таму, можете да замислите дека проблемите се самите фудбалери, организацијата, амбицијата, јас само сакам да кажам дека не можам да одговорам да кога вие ме прашувате дали Пол беше единствениот одговорен за таа ситуација“ потенцира Мурињо алудирајќи на тоа дека францускиот репрезентативец не е единствениот проблем во тој клуб.