24фудбал

Три гиганти се фаворити за потписот на Де Роси, ветеранот би можел во Бока?

Во исчекување на одлуката на ветеранот за тоа каде ќе продолжи, медиумите на големо пишуваат околу опциите кои тој ги има на маса, сепак, самиот Италијанец посочи дека најпрво добро ќе се одмори а потоа ќе ја донесе и конечната одлука.

Италија

Манчестер Сити, ПСЖ, како и Бока јуниорс се клубовите кои наводно се најзаинтересирани за потписот на капитенот на Рома, Даниеле Де Роси, кој по крајот на актуелната сезона ќе стави крај на својата 18 годишна кариера во дресот на Римската волчица.

Њу Јорк Сити беше првиот клуб кој пријави интерес за 35 годишниот Италијанец, но, Кориере дело Спорт пренесе дека постои голема битка помеѓу претходно наведеното трио од клубови за потписот на Де Роси.

Сити се обиде да го ангажираше фудбалерот од средниот ред во неговата кариера, а ПСЖ во своите редови го има неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Италија, голманот Џанлуиџи Буфон од ланското лето, токму тој би можел да помогне во преговорите.

Тутомеркатовеб пишувајќи за интересот од Бока јуниорс, објасни дека Де Роси никогаш не ги криел своите симпатии кон аргентинскиот клуб, а фактот што спортски директор на тој клуб е неговиот поранешен соиграч од Рома, Николас Бурдисо, можеби е дополнителен податок кој може да промени многу работи на таа тема.

Во меѓувреме, Кориере извести дека претседателот на Рома имал последна понуда до Де Роси во која на ветеранот му било понудено да заработува онолку колку што ќе настапува.