24фудбал

Деновите на Сари се одбројани, Италијанецот добива отказ по финалето во ЛЕ, на негово место доаѓа миленик на фановите

Италијанските медиуми пишуваат дека Роман Абрамович се решил за тренерска смена иако Челси имаше солидна сезона со оглед на вложеното во тимот.

Англија

Челси играше допадлив фудбал, заврши на третото место во Премиерлигата и ќе се бори за трофејот во Лига Европа, но се чини дека Роман Абрамович имал поголеми очекувања од сезоната.

Според „Спорт Медиасет“, Челси одлучил да му врачи отказ на Маурицио Сари и на негово место да го донесе легендарниот Френк Лампард.

Лампард е вистинска легенда на Челси, иако играше во средниот ред, тој е најдобар стрелец во историјата на убот со 211 голови во 648 натпревари, три пати ја освои Премиерлигата и Лигата на шампионите.

Френк Лампард сега со успех го води Дерби со кој дојде до плејофот од Чемпионшип дивизијата.

Маурицио Сари ќе се врати во Серија А каде што најверојатно Рома, Милан и Јувентус ќе добијат нови тренери, а можеби и Интер.