24фудбал

ПСЖ чека Милан да не се пласира во ЛШ за да им купи важен играч

Според италијанските медиуми, ПСЖ навива против Милан во финишот од сезоната во Серија А бидејќи смета дека ако тие не се пласираат во Лигата на шампионите полесно ќе дојдат до потписот на Донарума.

Италија

Според „Ла Република“, доколку Милан не успее да се пласира во Лигата на шампионите ќе треба да продаде дел од своите најскапи фудбалери за да ги исполни условите од Финансискиот Фер Плеј.

ПСЖ се интересира за Џиџо Донарума и е подготвен за него да одвои 50 милиони евра.

Тие чекаа да видат дали росонерите ќе се пласираат во Лигата на шампионите, ако не се случи тоа шансите за ангажман на Донарума ќе им бидат значително поголеми.