24фудбал

Гризман може да биде клучот за трансфер на Нејмар во Реал Мадрид

Мадридскиот весник „АС“ објаснува како трансфер на Антоан Гризман во ПСЖ може да влијае на преселба на Нејмар во Реал Мадрид.

Шпанија

Гризман ќе си замине од Атлетико Мадрид по крајот на сезоната, како најголем фаворит за неговиот потпис се посочува Барселона, но во трката има уште неколку големи клубови меѓу кои и ПСЖ.

По неуспешната сезона ПСЖ сака да го реновира тимот, подготвени се да дадат 210 милиони евра во касата на Реал Мадрид за да ги добијат Крос, Иско и Бејл. Ќе треба да додадат и уште 120 милиони евра за да си ја остварат и желбата да го имаат Гризман. Тоа е вкупна сума од 330 милиони.

ПСЖ веќе имаше проблеми со Финансискиот фер плеј, па за да направат баланс на сметката ќе треба и да продаваат. Реал Мадрид тука ја гледа шансата за да го ангажира Нејмар.

Слично како и ПСЖ, и Реал Мадрид имаше разочарувачка сезона, па Флорентино Перез сака свежа крв во кралскиот клуб која повторно ќе го врати на тронот.

Азар е веќе договорен, но претседателот на Реал Мадрид смета дека со ангажман на Нејмар ќе го врати гламурот на Сантијаго Бернабеу како во неговото прво претседателство кога ги донесе Фиго, Зидан, Роналдо и Бекам.

Реал Мадрид се надева дека со ангажман на Гризман ПСЖ може да се задоволи и да им го продаде Нејмар иако тоа би било за некоја висока сума.