24фудбал

Навивачи на Лацио со расистички навреди за Михајловиќ, Србинот тргна да се тепа, полицијата го спречи (ВИДЕО)

Камерите на Раи синоќа го уловија Синиша Михајловиќ како тргна да се тепа со навивачите на Лацио откако доби расистички навреди, полицијата веднаш реагираше и го спречи Србинот во намерата.

Италија

Полицијата во Рим вчера имаше полни раце работа откако ултрас навивачите на Лацио дивееја низ улиците пред почетокот на финалето во Купот на Италија.

Тие дури требаше да интервенираат и да спречат тепачка помеѓу фанови на Лацио и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Србинот, кој е поранешен член на „бјанкочелестите“, беше на пат кон стадионот, кога навивач му дофрли „zingaro“ (расистичка навреда и термин кој на италијански значи циган).

Па Синиша Михајловиќ уште еднаш демонстрираше дека има краток фитиљ и без размислување тргна да се пресмета. Полицијата сепак брзо реагираше и не дозволи поголем инцидент.