24фудбал

На Манчестер Сити дефинитивно му се заканува суспензија од ЛШ

Арсенал и Манчестер јунајтед исто така под будно око ќе ја следат ситуацијата со првакот на Премиерлигата, откако обете екипи имаат свои очекувања штом биде донесена конечната одлука при Европската куќа на фудбалот по тоа прашање.

Лига на Шампиони

„Њујорк Тајмс“ објави дека шампионот на Англија се соочува со суспензија од Европската куќа на фудбалот, па иако многумина на ова гледаа како шпекулација, сепак, веста дека Граѓаните се теретат за прекршување на правилникот за финансиски фер-плеј извесно е дека на крајот ќе излезе како вистинита.

Манчестер Сити од претходно ги кршеше правилата на тоа поле, откако во 2014. година беа парично казнети, а воедно беа ограничени по бројот на регистрирани фудбалери во Лигата на шампионите, а сега се чека на конечната одлука откако истрагата која е започната на 7 март годинава е веќе затворена и случајот е предаден на комисија.

Во соопштението кое го објави УЕФА се вели дека од таму нема да објавуваат коментари на таа тема додека не биде донесена конечна одлука по ова прашање, меѓутоа, извесно е дека ќе дојде до суспензија на Манчестер Сити од Лигата на шампионите.

Од англискиот клуб не го кријат разочарувањето по одлуката на УЕФА да се отвори истрага откако одредени информации кои беа објавени низ медиумите навестуваа такво нешто, тие велат дека обвинувањата се лажни, а донесените одлукуки содржат грешки, па се надеваат на позитивен исход.

Додека се чека одлуката по ова прашање, медиумите сега се занимаваат со тоа што би се случило кога би се донело одлука за дефинитивна суспензија на Сити, веројатно најголем бенефит би имал Манчестер јунајтед, кој заврши како шестопласиран на табелата во Премеирлигата оваа сезона.

„Мирор“ веќе изнесе едно тврдење во кое пренесе дека постои голема можност за Црвените ѓаволи да обезбедат место во Лигата на шампионите идната сезона, при евентуална суспензија на Сити, но, ќе треба да навиваат за Арсенал во финалето од Лига Европа против Челси.

Од друга страна пак, доколку Арсенал го загуби финалето, а Сити се здобие со суспензија, Топчиите повторно би биле дел од Лигата на шампионите, и би обезбедиле место во елитното европско клупско натпреварување како петтопласирана екипа од Премиерлигата, но, во случај Сити да биде суспендиран.