24фудбал

Пред две години викаше дека не ги разбира тие што одат во Кина, а сега ќе игра во втората кинеска лига

Јаја Туре е пред трансфер во кинескиот второлигаш Кингдао Хуангаи, а до пред некоја година ги осудуваше тие што одат да играат во Кина.

Останато

Јаја Туре пред две години изјави дека не ги разбира фудбалерите што одат да играат во Кина, особено оние кои се во години кога уште можат да играат на врвно ниво во Европа.

Тој велеше дека сака да ужива играјќи фудбал со големите фудбалски ѕвезди, а не тоа да го прави само за пари.

Но, 36-годишниот Јаја Туре се чини дека одлучи кариерата да ја заврши во Кина. „Сан“ пишува дека негов следен клуб ќе биде Кингдао Хуангаи.

Пред две години Јаја Туре изјави: „Се уште сакам да играм во Европа, особено во Англија. Сакам да играм уште неколку години. Отсекогаш сум велел дека доколку отида во Кина, таму би се чувствувал незадоволно. Дали играте фудбал бидејќи го сакате или за да правите пари? Јас играм фудбал бидејжи уживам во него. Сакам да играм. Уживам да им помагам на моите соиграчи и да играм против големи фудбалери и тимови“.

Очигледно искусниот фудбалер во меѓувреме се предомислил.