24фудбал

Интер на необичен начин ја продолжи верноста на играчот кој беше мета на половина Европа, го обврза Шкринијар до 2023

„Нероаѕурите“ завршија голема работа со планирањето на тимот за иднината откако денеска потпис на нов договор стави дефанзивецот Милан Шкринијар.

Италија

24 годишниот Словак пристигна на Џуземе Меаца во 2017 и за кратко време се етаблираше како столб во одбраната на Интер. Со своите одлични настапи тој го привлече вниманието на голем број клубови како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и ПСЖ за кои се пишуваше дека нема да штедат пари во намерата да го донесат играчот во своите редови.

Сепак, Милан Шкринијар реши да остане верен на „нероаѕурите“ и постигна договор со Интер за продлжување на соработката до 2023. Интересно е тоа што дефанзивецот не користеше услуги на агент и сам си пронајде заеднички јазик со гигантот од Милано за продолжување на соработката.

„Заедно. Бидејќи заедно сме посилни. Милан Шкринијар и Интер имаат исти цели. Затоа Интер го продолжи договорот на дефанзивецот од Словачка до 30. јуни 2023“ – глаеше известувањето на клубот од Џузепе Меаца.

Детали не беа откриени, според пишувањата на медиумите, дефанзивецот во иднина ќе има плата од 3 милиони евра по сезона, која со бонуси може да се искачи до 3,5 милиони.