24фудбал

„Синоќа кога си легнав беше на списокот, за жал сега не е“ – Саутгејт го објави составот на Англија за Ф4 на Лигата на нации

Селекторот на „Трите лава“, Герет Саутгејт го објави списокот со играчи за завршниот турнир од Лигата на нации, тој повика 27 фудбалери а од комбинација отпадна Рубен Лофтус Чик.

Останато

Англија следниот месец ќе се бори за премиерниот трофеј од новото натпреварување Лига на нации, па Герет Саутгејт сега ги откри адутите за завршниот турнир.

Селекторот на „Трите лава“ попладнево го објави поширокиот список и повика 27 фудбалери. Надвор од комбинација е Рубен Лофтус Чик, кој утрово се повреди додека играше пријателски натпревар за Челси во САД.

„Синоќа кога си легнав Рубен беше на списокот, сега ќе пропушти големо финале. Навистина ми е жал за него, играше брилијантно оваа сезона“ – вели Саутгејт.

Во составот нема место и за Лук Шо, кој беше избран за најдобар играч на Манчестер јунајтед оваа сезона. Сепак, Саутгејт има поголема доверба во двајца други леви бекови, Бен Чилвел од Лестер и Дени Роуз од Тотнем.

На списокот се најде и Хари Кејн, кој е повреден но прави надчовечки напори да бдие фит за финалето од Лигата на шампионите.