24фудбал

Не е нормален, Михајловиќ не тргнал да се тепа со навивач на Лацио, туку со полицаец!

Синиша Михајловиќ синоќа беше снимен како пред Олимпико сака да се тепа, но беше спречен во намерата, во прв момент се велеше дека Србинот тргнал да се пресмета со навивач на Лацио, но сега испадна дека се работело за полицаец.

Италија

Пред почетокот на дуелот помеѓу Лацио и Аталанта во Рим, камерите на Раи го снимија тренерот на Болоња како тргнува да се пресмета со некого но беше сопрен од неколку полицајци. Првичните извештаи велеа дека Србинот сакал да се тепа со навивач на Лацио откако добил расистички навреди и бил наречен циган.

Но вечерва се појавија нови информации откако сопругата на Синиша Михајловиќ се огласи на социјалните мрежи и откри дека расправијата не била со навивач на Лацио туку со лице од полициските служби (истрагата е во тек и се верува дека се работи за сообраќаец).

Медиумите исто така откриваат нови детали и пренесуваат дека кога се случил инцидентот, Србинот бил во авомобил кон Олимпико заедно со спортскиот директор на Болоња, Рикардо Бигон и адвокатот на клубот. Тројцата побарале насоки на контролна точка која била непосредно пред стадионот.

Службеникот и Синиша Михајловиќ почнале расправија, по што Србинот бил наречен „го*но циганско“. По овие зборови, на стратегот му се споиле жичките па тој без многу да му ја мисли скокнал од автомобилот и тргнал да се тепа.