24фудбал

Со еден удар две муви, Милан ќе побара од УЕФА да биде исфрлен од Европа следната сезона само ако догодина треба да игра Лига Европа!

„Росонерите“ се под лупа поради прекршување на правилата за Финасиски фер плеј и постои реална можност да добијат забрана за настап во Европа, се говори дека Милан сам ќе побара да биде исфрлен доколку не обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Англија

Клубот од Сан Сиро веќе доби една казна според која остана без 12 милиони евра, треба да има намален состав (21 играч) во следните две сезони во Европа и да дојде до позитивна нула до 30. јуни 2021 или во спротивно ќе биде исфрлен на една сезона од натпреварувањата под капата на УЕФА.

Но европската куќа на фудбалот неодамна отвори нов процес кој се однесува на годините 2016, 2017 и 2018. Па постои реална можност „росонерите“ да добијат забрана за настап во Европа веќе за следната сезона.

Според „Кориере дела Сера“, лидерите на клубот имаат план како побезболно да го надминат овој проблем. Весникот вели дека Милан сам ќе побара да биде исфрлен на една сезона доколку не обезбеди настап во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ не решаваат за сопствената иднина за топ четири финиш и реални се шансите да не завршат во местата кои носат во ЛШ. Па доколку не ја оствараат оваа цел, тие ќе побараат од УЕФА доброволна спогодба.

Милан и онака не е заинтересиран за настап во Лига Европа бидејќи ова натпреварување не носи толку многу пари и често има долги патувања за дуели со мали екипи на лоши услови, па нема ништо против да ја одработи казната во второто по ранг европско натпреварување.

Тие на овој начин ќе можат целосно да се фокусираат кон обезбедување настап во Лига на шампионите за сезоната 2020/21, а ќе добијат и повеќе време да ги балансираат сметките а со тоа и да избегнат продажба на клучни фудбалери.