24фудбал

Донарума одбрани пенал, па Пјонтек и Сусо донесоа три важни бода против отпишаниот Фросиноне (ВИДЕО)

Милан стигна до победа од 2-0 против Фросиноне, гостите можеа да го шокираат фаворитот но Донарума одбрани пенал а потоа Пјонтек и Сусо донесоа триумф од 2-0.

Италија

„Росонерите“ во битката за топ четири пласман им треба победа во последните две кола и услуга oд Јувентус на мечот против Аталанта.

Избраниците на Гатузо завршија дел од работата откако попладнево со 2-0 го совладаа отпишаниот Фросиноне. Но мечот на Сан Сари воопшто не беше лесен.

На Милан тешко му одеше во првото полувреме резултатот беше 0-0 па играчите добија свирежи од публиката. На стартот од вториот домаќините можеа да бидат шокирани откако Абате со неспретна реакција направи пенал.

Сепак, Донарума го спаси Милан и ја одбрани најстрогата казна. Ова им даде крилја на „росонерите“ кои преку Пјонтек поведоа во 57. минута а потоа Сусо во 66. минута ги реши сите дилеми.