24фудбал

Мбапе ја доби наградата за најдобар фудбалер во Лиг 1 и соопшти важна одлука за иднината: Време е за поголеми одговорности, тука или на друго место!

Килијан Мбапе ја стави под знак прашалник својата иднина во Париз, младиот Французин вели дека сака поголеми одгворности и доколку ПСЖ не му го овозможи тоа, ќе си побара нов проект.

Франција

20 годишниот напаѓач синоќа беше прогласен за Фудбалер на годината и Најдобар млад играч во Лиг 1, но тој поголемо внимание привлече со изјавата која ја даде откако излезе на бина да ги прими наградите.

Килијан Мбапе под знак прашалник ја стави својата иднина во Париз. Младиот Француизн порача дека сака поголема одговорност и доколку ПСЖ не му го овозможи тоа, ќе си побара нов проект.

„Искусив и открив многу работи тука (во ПСЖ). И мислам дека е време да превземам поголеми одговорности, во Париз ако е можно тоа. Тоа ќе ми преставува големо здоволство. Но доколку не може во Париз, тогаш на друго место, како дел од нов проект“ – рече репрезентативецот на „триколорите“.

Во микс-зоната тој потоа беше запрашан дополнително да образложи што мислел, а Мбапе само додаде: „Го кажав тоа што требаше да го кажам. Кога сте на вакви големи и важни настани, можете да испратите порака и јас испратив порака“.

Напаѓачот често се поврзува со Реал Мадрид и се најавува како новиот „галактикос“ на Флорентино Перез. Исто така се говори дека ПСЖ нема намера да се раздели со играчот и подготвува продолжување на соработката со Килијан Мбапе.

Неговата последна изјава може да се толкува како желба за трансфер, но и притисок врз лидерите на „светците“ што поскоро да му понудат нов побогат договор.