24фудбал

„Имам убав договор ама немам пари да го купам Мбапе“ - Крос на брилијантен начин им одговори на новинарите

Наспроти очекувањата за негово заминување, Тони Крос денеска потпиша нов договор со Реал Мадрид, а на прес конференцијата по тој повод беше расположен и за шега.

Шпанија

Тони Крос иако имаше лоша сезона, доби нов договор од Реал Мадрид. Се шпекулираше дека е пред заминување, но денеска стави потпис на документ според кој ќе биде кралски фудбалер до 2023 година.

На прес конференцијата Крос беше запрашан дали Мбапе би можел да дојде во Реал Мадрид.

„Ми се допаѓа како играч, но ова не е прашање за мене, јас имам убав договор, но не можам да го купам Мбапе“, на шега одговори Крос.

Се шпекулира дека Погба е една од ѕвездите кои треба да дојдат во Реал Мадрид, а тој би му бил и директна конкуренција за стартниот тим на Крос.

„Ми се допаѓа и Погба, но и тоа не менува ништо, ќе се борам за мојата позиција и ако играм на моето ниво, тогаш мислам дека нема да имам проблеми“.