24фудбал

Анкета на АС: Фановите на Реал Мадрид гласаа која е нивната најголема желба ова лето

Ова лето сигурно ќе има реконструкција во тимот на Кралевите, Зидан ќе сака темелни промени а тој веќе добро го скенираше составот изминатиов период, фановите на клубот веќе јасно ставија дознаење која е нивната прва желба, но, исто така и кој фудбалер не би требало да биде префериран во летниот преоден рок.

Шпанија

Еден Азар е желбата број 1 кај навивачите на Реал Мадрид во летниот преоден рок, откако извесно е дека Белгиецот ќе го напушти Челси ова лето, а фановите на Кралскиот клуб гласаа на анкетата на „АС“ за да го кажат своето мислење за претстојниот летен преоден рок.

Сепак, на анкетата и едно можеби големо изненадување, доколку Азар е на првото место, на последното е Пол Погба со само 13,800 гласа од вкупно 160,000 кои гласаа на анкетата на весникот.

Интересно е тоа што Нејмар е дури на четвртото место, ако се земе во предвид дека Бразилецот од поодамна е голема желба на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, еве ги гласовите по анкетата на „АС“:

Еден Азар – 53,700

Лука Јовиќ – 34,700

Кристиан Ериксен – 25,300

Нејмар – 16,900

Тангу Ндомбеле – 16,400

Пол Погба – 13,800