24фудбал

„Јас сум Баскиец, имавме сличен политички проблем па го разбирам Мхитарјан“ – Емери не сака да го принудува Мики да игра против Челси

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери ја прокоментира одлуката Хенрих Мхитарјан да не игра во финалето од Лига Европа, вели дека го разбира играчот и нема намера да го принудува на ништо.

Лига Европа

„Топчиите“ утрово соопштија дека Хенрих Мхитарјан нема да патува за Баку и ќе го прпопушти дуелот со Челси. Причина за ова е конфликтот помеѓу Азербејџан и Ерменија. 

Двете земји немаат дипломатски односи поради спорот за регионот Нагорно-Карабах кој кулминираше со војна. УЕФА се правдаше дека обезбедиле гаранции за бедноста на играчот со помош на властите во Азербејџан и на Арсенал му бил предложен детален безбедносен план.

Сепак, самиот играч на крајот одлучил дека нема да патува, одлука која според Унаи Емери мора да ја почитуваат сите.

„Ова се лоши вести, но јас не можам да сторам ништо. Ова е навистина лична одлука и мораме да ја почитуваме. Не го разбирам политичкиот проблем, но морам да ја почитувам одлуката“ – вели тренерот на Арсенал.

„Разговарав со Мхитарјан утрово и се работи за лична одлука. Го почитувам. Сака да игра и да ни помогне, но разговараше со семејството и на крајот одлучи да не патува“.

„Јас сум Баскиец, и ние имавме голем политички проблем кој беше решен пред пет или шест години и можам да го разберам, кога ја носел одлуката мислел на своето семејство и на целата своја земја“.

„Не ми паѓа на памет да го принудам да игра бидејќи го почитувам. Секако дека ми е од корист важен играч со квалитет и капацитет каков што има Мики да биде со нас, но имам почит за неговата одлука и тука завршува сè“.