24фудбал

Аргентина го објави составот за Копа Америка, ќе го освои ли Меси првиот трофеј со „гаучосите“? (ФОТО)

Аргентина попладнево го објави списокот со 23-ца фудбалери за првенството на Јужна Америка, Лео Меси ја предводи листата а повик не доби Мауро Икарди од Интер.

Јужна Америка

„Гаучосите“ ги открија адутите за Копа Америка, вечерва беше објавен списокот со 23-ца фудбалери на кои ќе смета селекторот Лионел Скалони за првенството кое ова лето ќе се одржи во Бразил.

Листата ја предводи првата ѕвезда Лео Меси, кој ќе се обиде конечно да стигне до трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Повик не одби Мауро Икарди, кој изминатите месеци имаше конфликт со Интер и беше надвор од стројот шест недели, а по враќањето во тимот не блеска со партиите.

Од позвучните имиња, во составот се најдоа Кун Агуеро, Анхел Ди Марија, Пауло Дибала и Николас Отаменди.