24фудбал

Нова драма во семејството Касиљас, сопругата на Икер имала тумор и веднаш била оперирана

Новинарката Сара Карбонеро на социјалните мрежи откри дека минатата недела добила лоши вести, сопругата на Икер Касиљас имала малиген тумор и веднаш била оперирана.

Шпанија

Икер Касиљас пред три недели преживеа срцев удар, а сега пристигна вест за нова драма во неговото семејство. Неговата сопруга, Сара Карбонеро на социјалните мрежи соопшти дека имала малиген тумор и веднаш била оперирана.

„Се уште не опоравени од стравот, животот ни приреди ново изненадување. Овој пат јас бев погодена, тој збор од шест букви (cancer) кој се уште ми е мака да го напишам. Пред неколку дена, на рутинска контрола докторот забележаа малиген тумор и веднаш бев оперирана. Се помина во најдобар ред, за среќа го забележаа рано но ме чека битка во следните неколку месеци, продолжувам со третмани и убедена сум дека се добро ќе се завшри. Знам дека патот ќе биде тежок, но и дека ќе има среќен крај. Ја имам поддршката од семејството, пријателите и докторите“ - напиша новинарката, која исто така побара од нејзините колеги да ја почитуваат нејзината приватност и приватноста на нејзиното семејство во овие деликатни моменти.