24фудбал

„Уште денес нека ми дадат отказ ако ситуацијата е таква!“ – Сари испрати порака до Челси пред финалето од ЛЕ

Маурицио Сари испрати порака до лидерите на Челси, вели дека е подобро уште сега да добие отказ доколку иднината на Стемфорд Бриџ му зависи од дуелот со Арсенал во Баку.

Англија

Италијанецот имаше турбулентна прва сезона во Премиерлигата, со финиш на третото место и финале во Лига купот и Лига Европа, но со неколку тешки порази и бледи изданија, па се почесто се говори за негово заминување.

Франк Лампард се посочува како нов тренер на Челси, а Маурицио Сари пак се поврзува со враќање во Серија А каде неколку клубови се интересираат за неговите услуги.

Шпекулациите велат дека резултатот на „сините“ во финалето од Лига Европа ќе има големо влијание врз иднината на Маурицио Сари, но ова не му се допаѓа на стратегот.

„Ако ситуацијата е таква (да му се суди на основа на само еден натпревар), сакам веднаш да си заминам“ – вели Сари. „Не може така... 10 месеци напорна работа и потоа да играм за сè во 90 минути? Тоа не е правилно. Или сте задоволни од мојата работа или не сте“.

„Во моментов во мислите го имам само натпреварот во среда. Мислам само на финалето. Имам уште две години од договорот и не сум разговарал со други клубови“.

„Најпрво ќе разговарам со Челси и тоа веднаш по финалето. Сакам да знам дали тие се среќни со мене или не. Како што кажав и претходно, сакам да останам во Премиерлигата, најсилното првенство во светот и во Челси, еден од најголемите клубови во Англија“.