24фудбал

Манчестер јунајтед ќе мора да понуди речиси двојно од планираната сума за Ван-Бисака

Кристал Палас не чувствува никаков притисок за да го продаде еден од своите најдобри фудбалери во тимот, со кого има договор до 2022. година, но, интересот за него е голем на трансфер пазарот, се чини дека се издвојува Манчестер јунајтед.

Англија

Манчестер јунајтед сигурно ќе треба да ја дуплира својата планирана понуда до Кристал Палас за дефанзивецот на таа екипа, Арон Ван-Бисака, откако се појавија мошне големи разлики помеѓу плановите на обата клуба по тоа прашање.

Оле Гунар Солскјер го идентификуваше 21 годишниот фудбалер како клучно засилување за ова лето, но, надежите на Олд Трафорд за да се стигне до неговиот потпис со само 40 милиони фунти се чини дека немаат реална основа, пишува „Индипендент“.

Кристал Палас не чувствува никаков притисок за да го продаде еден од своите најдобри поединци во тимот кој е еден од најпосакуваните дефанзивци во Премиерлигата, а се шпекулира дека тимот од Лондон би го продал само во случај да пристигне понуда од над 70 милиони фунти.

„Индипендент“ додава дека интересот за Ван-Бисака е голем на трансфер пазарот, а одредени клубови веќе одбиле да преговараат за посакуваната сума од страна на Кристал Палас, но, истиот медиум додава дека од Олд Трафорд нема да се откажат и ќе продолжат по трката за потписот на дефанзивецот.