24фудбал

Мурињо го одбил Јувентус поради Интер, но Покетино кажал ДА?!

Медиумите продолжуваат да шпекулираат за новиот тренер на Јувентус, Жозе Мурињо наводно ја отфрлил можноста да седне на кормилото поради Интер но се вели дека Маурисио Покетино кажал ДА.

Италија

„Старата дама“ е во портага на нов предводник откако реши да се раздели со Макс Алегри и секој ден има голем број на стории за тоа кој ќе биде новиот тренер на Јувентус.

Неодамна беше објавено дека Кристијано Роналдо го предложил Жозе Мурињо, а за „специјалниот“ притискал и Жорж Мендеш, агентот со кој „Бјанконерите“ имаат одлична соработка во последно време.

Сепак, Португалецот ја отфрлил можноста да седне на кормилото на Јувентус поради неговото минато со Интер, Жозе Мурињо не сака да го наруши добриот однос со „нероаѕурите“ на кого им донесе историска тројна титула.

Фабио Паратичи синоќа беше во Милано и во прв момент се говореше дека тој разговарал со Пеп Гвардиола. Но неколку извори денеска пренесуваат дека спортскиот директор на Јувентус имал средба Франк Тримболи, агент кој работи како посредник со клубовите од Англија и има одлични односи со Тотнем.

Средбата била позитивна и дури се вели дека Аргентинецот кажал ДА за преселба во Торино па се пеглаат деталите за четиригодишен договор.

Јувентус исто така ќе треба да преговара со Тотнем за висината на обесштетувањето а Даниел Леви не е човек кој дава попусти, па ова може да биде голема пречка бидејќи се споменува сума и до 40 милиони евра.