24фудбал

Само два клуба ја сопреа перфектната Барселона, тврди Чави

39 годишниот Чави издвои само два клуба кои ја сопреле Барселона на Пеп Гвардиола, која според него била подобра од било која од останатите екипи, тој заклучува дека Меси се уште не го кажал последниот збор.

Шпанија

Поранешниот фудбалер на Барселона, како и легенда на тој клуб, Чави, пред да го одигра својот последен натпревар од неговата професионална кариера, проговори за тимот од Камп Ноу за амбицииве во Лигата на шампионите во иднина со Меси.

Легендарниот фудбалер четири пати го подигна трофејот од елитното европско клупско натпреварување со Каталонците, кои сезонава беа елиминирани во полуфиналето од Ливерпул по еден шокантен двомеч, тој тврди дека Меси се уште не го кажал последниот збор, додавајќи дека не е лесно да се освои Лигата на шампионите.

Дали Барселона ќе освои уште некоја титула во Лигата на шампионите со Меси? Четири титули не се малку, имавме само една претходно, бевме во можност да освоиме уште некоја дополнително, но, тешко е да се освои тој турнир“ вели Чави.

Барселона на Пеп Гвардиола беше подобра од било која од останатите екипи, а ние тогаш освоивме само две од четирите, Челси и Интер не' елиминираа, но, останете смирени, Меси се уште не го кажал последниот збор“ додава Чави.