24фудбал

Реми на полувремето, две мајстории ги одбележаа првите 45 минути од финалето во Купот (ВИДЕО)

Завршија првите 45 минути игра во финалната пресметка од овосезонскиот Куп во нашиот фудбалски шампионат каде силите на арената „Тодор Проески“ во Скопје ги одмеруваат Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров.

Македонија

Два убави погодоци го одбележаа првото полувреме на финалната пресметка од Купот која се игра денеска во Скопје, Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, а Струмичани иако први дојдоа до водство, истото не го задржија до паузата на која се замина со резултат од 1-1.

Сашко Пандев со преубав гол го отвори финалето на резултатски план откако во 10. минута биеше прецизно и донесе водство за Академија Пандев, но,

Сепак, Робсон Да Силва во 21. минута донесе израмнување за Македонија Ѓорче Петров откако погоди за 1-1, а тоа сигурно ќе донесе и многу повозбудливи втори 45 минути игра во финалето.