24фудбал

Драма во завршницата од финалната пресметка во Купот, нерешено по регуларните 90 минути игра (ВИДЕО)

Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров битката за Куп трофејот во нашиот домашен фудбалски шампионат ја продолжуваат во продолженија, откако по регуларните 90 минути игра резултатот гласеше 2-2.

Македонија

Четири гола во регуларниот тек на финалната пресметка од овосезонскиот Куп во нашиот фудбалски шампионат помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, откако по првите 45 минути игра резултатот гласеше 1-1, на крајот двете екипи ремизираа со 2-2.

Пандев во 10. минута ги доведе Струмичани во водство од 1-0, а Да Силва погоди за 1-1 во 21. минута.

Во второто полувреме вистинска драма во самата завршница од мечот во регуларните 90 минути игра, најпрво Тантуровски донесе пресврт за Македонија Ѓорче Петров со голот во 84. минута, за минута подоцна Дориев од пенал да израмни на 2-2.





Фото-вест: 1тв (prtsc)