24фудбал

Академија Пандев освојувач на Купот, Струмичани подобри од Македонија Ѓ.П. во пенал серијата (ВИДЕО)

Победникот на овосезонскиот Куп во нашиот фудбалски шампионат беше решен по изведување на удари од белата точка откако претходно во регуларниот дел од мечот резултатот беше израмнет, а така остана и по продолженијата.

Македонија

Четири погодоци беа постигнати во регуларниот дел од финалната пресметка во Купот помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во првото полувреме резултатот гласеше 1-1, а по 90 минути игра 2-2.

Најнапред Пандев во 10. минута донесе почетно водство за Академија Пандев, но, Македонија Ѓорче Петров преку Да Силва во 21. минута израмни на 1-1, обата погодоци беа преубави и ставија зачин на финалната пресметка.

Во второто полувреме вистинска драма се одвиваше во завршницата откако Тантуровски донесе пресврт за Македонија Ѓорче Петров и водство од 2-1 во 84. минута, за веќе во следната акција Академија Пандев преку Дориев од пенал да израмни на 2-2.

Откако мечот во регуларните 90 минути игра заврши со резултат 2-2, се премина во две продолженија од по 15 минути, но и во тој период резултатот остана непроменет, при што се премина на удари од белата точка, серија во која подобри беа Академија Пандев со 4-2 за прва титула во Купот во историјата на тој клуб.






Фото-вест: 1tv.mk (prt sc)